Македонија

(ВИДЕО) Граѓани ја малтретираат групата Евреи и ги објавуваат на интернет

Група од 38  членови на  еврејската религиозна група Лев Тахор,  минатата недела беа сместени во Куманово во неколку куќи. Според информациите од МВР групата е во постојано движење и за неколку денови требаше да ја напуштат нашата држава.

Но, и покрај овие информации, пред нивните куќи секојдневно се собираа граѓани, а ситуацијата ескалираше кога кон куќата беше фрлано со јајца и им беше откорната влезната врата.

Од Куманово со автобус и полиција беа спроведени во неколку хотели каде одбиваа да ги примат. На крајот тие беа сместени во хотел, што полицијата не го открива поради нивна безбедност.

Но денес на социјалната мрежа Тикток беше објавено видео од оваа група, по што граѓаните веднаш реагираа, и побара од МВР и Хелсиншки комитет да реагриаат во врска со овој случај.

„Навистина не ми е јасно кој закон го дозволува ова тероризација? Насилно да ти влезе во приватен имот да те снима и објави на ТикТок“, стои во објавата.

@mujoo000

#viral #macedonia #foryou #horor #viral

♬ Amityville Horror – Scary Halloween Sound Effects – Halloween Sound Effects

 

На почеток