Свет

Граѓаните масовно го напуштаат Киев

Руски копнени сили утринава од повеќе правци навлегле на украинска територија, соопштија украинските гранични сили.

– Руски воени возила, вклучително и оклопни возила, навлегоа во регионите на Чернихив (северна, белоруска граница), Суми (североисточна, руска граница), Луганск и Харков (источна, руска граница) и преку преминот меѓу полуостровот Крим и континентална Украина, се наведува во соопштението.

Се додава дека Русија отворила артилериски оган пред да испрати воени возила. Украинските сили објавија и видео на кое се гледаат возила означени со буквата „З“.

Патот на излезот од Киев е целосно блокиран, граѓаните масовно го напуштаат Киев.

На почеток