Скопјанец заврши во болница откако го нападна крадец
Од
Објавено на
На 23.02.2022 во 15.41 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Цветан Димов“ едно лице со остар предмет го нападнало и повредило Б.С.(19) од Скопје, по што му одзело пари од дневниот промет на фирма во која бил вработен. Б.С. бил пренесен во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ за укажување лекарска помош. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.