Свет

Патријархот Кирил: „Сите страни во конфликтот да избегнат цивилни жртви“

Патријархот Кирил апелираше до сите страни во конфликтот во Украина да направат се што е можно за да се избегнат цивилни жртви.

„Како патријарх на цела Русија и поглавар на Црквата, длабоко сочувствувам со сите погодени од катастрофата. Ги повикувам сите страни во конфликтот да направат се што е можно за да се избегнат цивилни жртви“, стои во објавата на веб-страницата на Руската православна црква.

Кирил посочи дека рускиот и украинскиот народ имаат заедничка вековна историја и изрази верба дека оваа поврзаност ќе помогне, како што рече, да се надминат поделбите и противречностите кои доведоа до сегашниот конфликт.

На почеток