Свет

Полицијата предупредува: Пријавете луѓе со црвени елементи на облеката

Украинската полиција ги повикува граѓаните да ги пријават сите сомнителни лица што ќе ги видат на улиците.

Како што предупредува Националната полиција на таа земја, саботери може да има насекаде.

„Посебно внимание треба да се посвети на лицата со црвени елементи на облеката. Полицијата вели дека треба да се посвети посебно внимание на сомнителните лица и предмети. Сите сомнителни предмети, како и сомнителните лица со црвени елементи на облеката да се пријават до полициската специјална линија 102“, се вели во соопштението на полицијата.

„Исто така, бараме од сите цивили да не излегуваат во униформа или тактичка облека“, додаваат тие.

Полицијата наведува и дека ги засилила мерките за обезбедување ред и мир по улиците на селата и градовите во државата.

На почеток