Свет

Руските телевизии забранети во Естонија

Естонија ѝ се придружи на соседна Латвија во забраната на телевизиските преноси на руски јазик како одговор на руската инвазија на Украина.

Естонската агенција за заштита на потрошувачите и техничките регулативи (TTJA) забрани емитување на руските канали „РТР планета“, „НТВ мир“, „Росија 24“ и ТВ „Центар интернационал“ на една година. Слична забрана беше воведена и за телевизијата „Белорусија 24“.

Ваквата одлука, како што појаснуваат, ја засноваат на говорот на рускиот претседател Владимир Путин, во кој рускиот лидер ја оправдува инвазијата на Русија. ТТЈА рече дека емисиите се спротивни на забраната за поттикнување извршување кривично дело и ја нарушуваат јавната безбедност.

„Вонредните времиња бараат решителна акција. Ние веруваме дека одредени телевизии во естонската редакција го преминаа прагот на толеранција“, рече претседателот на ТТЈА, Каур Кајак, во изјавата.

И Летонија воведе забрана за телевизиски преноси на руски јазик. Значителен број припадници на руското малцинство живеат во двете балтички земји.

На почеток