Во текот на изминатиот ден (26.12.2018 година) на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје се случиле вкупно 11 сообраќајни незгоди од кои три со телесни повреди и осум со материјална штета.
Во сообраќајните незгоди четири лица се здобиле со телесни повреди. Од преземените мерки и активности констатирано е дека 27 возачи управувале возило со брзина поголема од дозволената. Од сообраќај се исклучени 18 возачи од кои: девет затоа што управувале возило под дејство на алкохол, четири возачи затоа што управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило и пет возачи затоа што биле возачи-почетници.
Исто така исклучени од сообраќај се и три возила бидејќи биле нерегистрирани. Санкционирани се тројца возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, еден возач поради недавање првенство на минување на пешаци, еден возач поради неправилно престигнување и двајца поради неносење пропишана зимска опрема. Во текот на изминатиот ден издадени се 50 мандатни платни налози и 54 возила се подигнати со специјално возило “пајак”.