Кина и Русија за соработка во борбата против тероризмот
Од
Објавено на
Службеникот на кинеското Министерство за надворешни работи се сретна со рускиот амбасадор во Пекинг.
Тие се сретнаа за да разменат мислења за билатералните односи, се наведува во денешното соопштение на кинеското Министерство за надворешни работи.
Ченг Гупинг, комесарот за надворешни работи и безбедност во Министерството за надворешни работи на Кина, вчера се сретнал со Андреј Денисов од Русија, се додава во соопштението, пренесува Ројтерс.
Двајцата размениле мислења за билатералната соработка во борбата против тероризмот и безбедноста, соопшти кинеското министерство.