Потона рибарски брод, има мртви и исчезнати
Рибарски брод потона во невреме во Нов Зеланд, а четири лица го загубија животот.
На бродот имало десет лица, од кои пет биле спасени од морето со хеликоптер, четири тела се пронајдени, а спасувачите и денеска продолжуваат со потрагата по уште едно исчезнато лице, изјави портпаролот на Координативното тело за спасување на Нов Зеланд, Ник Берт.
Бродот долг 17 метри наиде на тешкотии и го активираше светлото за итни случаи синоќа во 20 часот по локално време кај северниот брег на Нов Зеланд.
Хеликоптерот прв пристигнал на местото на бродоломот околу 22:40 часот, рече Берт. Според него, временските услови го отежнале пристигнувањето на леталото, имало опасни услови за летање, грмежи и силен ветер, а на местото на несреќата пристигнале околу 23.40 часот, а потврдено е дека бродот потонал во 2.30 часот.
Временските услови за потрага денеска се поповолни, а ги координира поморски патролен брод, хеликоптери и копнениот персонал на брегот. Петмината спасени со хеликоптер биле примени на кратко во болница, а подоцна биле пуштени.
Бродот имал капетан, еден член на екипажот и осум патници од Окленд. Капетанот е меѓу преживеаните, наведуваат медиумите.