Градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ ги демантираше информациите дека ќе се затворат дел од читалните во општината и вели дека поради високите кирии истите ќе бидат преместени на нови локации.
„Би сакал да ги демантирам написите во одредени медиуми дека читалните кои се наоѓаат на територија на Општина Центар ќе бидат затворени.
Имено, поради високите кирии кои општината ги плаќа за читалните, станува збор за преместување на дел од читалните на други локации, а дел ќе останат на истите локации каде што се наоѓаат и денес.
Општина Центар ја поддржува кулутурата, културниот развиток и читањето книги како основни општествени елементи на една личност и со својата поддршка и понатаму ќе продолжи со истата динамика на стимулирање на културен и научен развој“, вели градоначалникот Богдановиќ.