Затворањето на Кам маркетите удар за граѓаните кои пазарат поевтино, вели ВМРО-ДПМНЕ
Под чудни околности се затвора еден од најголемите ланец на маркети каде граѓаните пазарат поевтино, вели ВМРО-ДПМНЕ
„ВМРО-ДПМНЕ претходно предупреди дека работата на УЈП е погрешно насочена и политички мотивирана.
Доведени се во прашање стотици работни места, додека олигарсите од власта продолжуваат да печалат на грбот на народот.
Власта на СДС и ДУИ е должна да одговори дали зад ваквиот чекор стои политичка нарачка и елиминација на конкуренцијата на структури блиски до власта?
Дали власта е свесна дека затворањето на Кам маркетите е удар за граѓаните кои пазарат поевтино?
Дали е точно дека се работи за нарачка директно од зградата на Илинденска за спас на коалицијата на власт, и заштита на еден од финансиерите на кампањата на политичка партија од власта“, се вели во соопштението.