Вчера на улицата “Сараевска“ патничко моторно возило удрило во пешакот Љ.И.(66) од Скопје. Возилото по незгодата го напуштило местото на настанот.
Љ.И. со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Градската општа болница “Свети Наум Охридски“ каде му биле констатирани тешки телесни повреди.
Се работи на целосно расчистување на случајот.