Свет

„Русија ќе ги претрпи најтешките последици“, вели Шолц

Москва ги прекрши сите правила на меѓународниот поредок кога употреби сила за промена на границите, а најтешките последици ќе ги трпи Русија. Ова денеска го изјави германскиот канцелар Олаф Шолц.

„Потребата да се гарантира безбедноста во Европа е едно од клучните достигнувања во повоениот период, со кој сите, вклучително и Русија, се согласија по 1990-тите“, рече Шолц на прес-конференција по средбата со шведската премиерка Магдалена Андерсон.

„Може да има само еден одговор на тоа. Прво, ја повикуваме Русија да ја прекине војната. Второто е да се зајакне толку многу за да не се случи напад врз членка на Европската унија или НАТО, бидејќи ние сме доволно силни да одговориме“, рече германската канцеларка.

На почеток