Свет

„Путин штотуку се врати за повеќе“, вели Трас

Украина не смее да се продава во мировните преговори со Русија, изјави денеска министерката за надворешни работи на Велика Британија, Лиз Трас.

„Мораме да се погрижиме идните разговори да не завршат со продажба на Украина или со повторување на грешките од минатото“, изјави Лиз Трас пред пратениците.

Како што рече британскиот министер за надворешни работи: „Се сеќаваме на непријатното решение од 2014 година, кое не успеа да обезбеди трајна безбедност за Украина“.
.
„Путин штотуку се врати за повеќе. Затоа не можеме да му дозволиме да извојува победа од оваа страшна агресија“, рече таа.

На почеток