Свет

Кина: Не ги саботираме санкциите кон Русија намерно

Висок кинески дипломат ги отфрли толкувањата дека неговата земја намерно ги саботира санкциите кон Русија, еден ден откако лидерите на ЕУ ја предупредија Кина да не го прави тоа.

Ванг Лутонг, од кинеското Министерство за надворешни работи, рече дека Пекинг и помага на глобалната економија преку континуираната трговија со Русија.

Западните земји, пак, изразија загриженост поради избегнувањето на Пекинг да ја осуди руската инвазија – и стравуваат дека Кина може да и помогне на Русија со намалување на негативното влијание на санкциите врз Москва.

На почеток