79 казнети возачи во населба Ченто
Од
Објавено на
Денеска (17.04.2022) во периодот од 10.00 до 18.00 часот на територијата на населба Ченто спроведена е засилена акциска контрола во областа на сообраќајот. При контролата санкционирани се вкупно 79 возачи, меѓу кои за возење без возачка дозвола 10, 13 за користење мобилен телефон, 16 за некористење сигурносен појас, три мерки за нерегистрирани возила…
Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.