Приведен скопјанец поради сторено насилство
Од
Објавено на
На 19.04.2022 во 10.00 часот во Скопје од полициски службеници од Одделението за насилен криминал трговија со луѓе и посредување во вршење на проституција во рамки на Единицата за насилен криминал при СВР Скопје е приведен Г.М.(35) од Скопје, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „насилство“, казниво по чл.386 од Кривичниот законик. Тој на 05.04.2022 на подрачјето на Карпош со тврд предмет физички го нападнал М.С.(44) со живеалиште во Скопје.
За случајот е известен Јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.