Македонија

Ковачевски го допре дното – Праќа партиски средношколец од приватни школи да го саботираат штрајкот на наставниците, вели ВМРО-ДПМНЕ

Ковачевски го допре дното – Праќа партиски средношколец од приватни школи како Лука Павиќевиќ да го саботираат штрајкот на наставниците, вели ВМРО-ДПМНЕ

„Имено младиот Павиќевиќ учи во приватно училиште каде една година се плаќа и неколку илјади евра. А наставниците на истото не се под штрајк.

Лука Павиќевиќ, таканаречен лидер на средношколците, скроен по мерките на Ковачевски е кадар на СДСМ близок до Бојан Маричиќ и Стево Пендаровски.

Малиот Павиќевиќ е близок и со Петар Колев, кој важи за близок на бугарските политики кои ја негираат Македонија.

Таканаречениот лидер на средношколците поддржувал и промена на име, а за сето тоа е награден со некаква квази функција – лидер на средношколците.

Овие кадри на СДСМ како Павиќевиќ, се претставуваат како независни и неутрални, а извршуваат насоки на владата.

Срамота е што СДСМ се впушти во злоупотреба на деца на средношколска возраст, индоктринирајќи ги политички“, се вели во соопштението.

На почеток