„Кина нема да продолжи да расте доколку не се почитуваат правилата“, вели Трас
Британската министерка за надворешни работи Лиз Трас ја предупреди Кина дека ако не постапи според глобалните правила, ќе го запре нејзиниот подем како суперсила.
Во исто време таа изјави дека Западот треба да се погрижи Тајван да може да се брани, пренесе Ројтерс.
Повторувајќи го повикот за зајакнување на НАТО, Трас рече дека земјите мора да ги почитуваат правилата, а тоа ја вклучува и Кина.
Таа истакна дека понатамошниот подем на Кина не е несомнен.
„Тие нема да продолжат да растат доколку не се почитуваат правилата. На Кина и е потребна трговија со Г7. Ние во групата Г7 претставуваме околу половина од глобалната економија и имаме избор“, рече Трас.
„Во случајот со Русија, покажавме какви избори сме подготвени да направиме кога ќе се прекршат меѓународните прописи“, изјави британскиот функционер.