Македонија

СОНК го стави штрајкот во мирување

Претседателот на СОНК, Јаким Неделков, на денешната прес-конференција посочи дека штрајкот е ставен во мирување.

Тој објасни дека Советот на СОНК расправал во врска со добиено известување од Министерството за труд и социјална политика, за мирно решавање на спорот меѓу Министерството за образование и СОНК, по што се консултирале со правници.

„Од денеска генералниот штрајк се става во мирување. Ова е само почитување на законот“, истакна Неделков и потврди дека учениците од утре се враќаат во училиштните клупи.

На почеток