Свет

САД и Израел излегоа од УНЕСКО

САД и Израел официјално излегоа од агенцијата на Обединетите нации за култура, наука и образование (УНЕСКО) поради загриженост дека овие организации се пристрасни против Израел.

Владата на американскиот претседател, Доналд Трамп го објави повлекувањето во октомври минатата година, а потоа израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху одлучи да го стори истото.

Нивното повлекување, претставува нов удар за УНЕСКО чиј коосновач по Втората светска војна беше САД со цел да се поттикне мирот.

Агенцијата чие седиште е во Париз, е критикувана поради осудата на израелската окупација на Источен Ерусалим, како и со останатите политики кои во последно време ги спорведува Израел.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток