Свет

ОН и Црвениот крст се надеваат на нова евакуација на цивилите од Азовстал

Обединетите нации и Црвениот крст се надеваат дека денеска ќе евакуираат повеќе цивили од фабриката за челик Азовстал во разурнатиот град Мариупол. Имено, во бункерите и тунелите под челичарницата има уште стотици цивили.

Азовстал беше последното упориште на украинските бранители на Мариупол. Руските сили го контролираат остатокот од градот. Околу стотина цивили беа евакуирани од Азовстал во неделата. Нивното пристигнување во Запорожје, оддалечено 200 километри, град под контрола на украинските сили, сè уште се чека.

Денис Шлега, командант на Националната гарда во Азовстал, вчера изјави дека меѓу цивилите кои останале во Азовстал има „десетици деца“.

На почеток