Скопје

МВР молчи, Пино сеуште го нема, мајката: Го барам по канали, полицијата празнува

На дваесет и шестгодишниот Пинета Секондо- Пино веќе 24 дена му нема траг. Тој последно бил виден во Ѓорче Петров на 10-ти декември, 22 часот навeчер.

Оттогаш го нема заедно со неговиот автомобил, бела „Шкода” со таблички SK 1566 AP и двата мобилни телефони.Следното утро, во вторникот, требало да ја пречека мајка си, која доаѓала од Италија.

Мајка му на Фејсбук пишува дека нејзиното дете го нема 24 дена моли за помош но и ги обвинува надлежните што не превземаат ништо.

„Лута сум, лута како лавица! Дење го барам моето дете, а ноќе го молам господ мил да ми помогне. Додека јас преку ден идам по канали, паркинзи, по улици, по полиња околу обиколница на Скопје, скопската полиција сабота и недела не работи. Не им е гајле за моето дете! Важно синоќа беа во кафана да слават. Лута сум! И министри и премиер и се… важно дека не им е гајле … Ќе ми се јават после Нова година“, стои во објавата на Фејсбук

Ljuta sum, ljuta kako Lavica! Denje trazam moe dete, noke molam Gospod mil da mi pomogne. Dodeka jas preku den idam po…

Posted by Maja Trpkovska on Saturday, December 29, 2018

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток