Од Македонија – Блокира информираат дека денес ќе одржат собир пред домот на пратеничката Емилија Александрова, бидејќи како што велат не треба да гласа за уставните измени.
„„Македонија – Блокира„ денес,ќе одржи собир пред домот на пратеничката Емилија Александрова која е една од 8-те пребегани и уценети пратеници. На протестот ќе и биде предадено писмо на пратеничката Александрова зошто не треба да гласа за уставните измени. Собирно место е пред Собранието на Република Македонија во 18:30 часот кога ќе тргне поворката кон домот на пратеничката“, велат од „Македонија Блокира“.