Свет

Бугарија остана со малцинска влада откако една партија замина

Бугарската влада, која беше тешко да се формира на крајот на 2021 година, повторно ослабе откако една од партиите ја напушти коалицијата.

Ова ги зголемува стравувањата од нова политичка криза во оваа земја на ЕУ.

Реформскиот премиер Кирил Петков по три парламентарни избори минатата година успеа да формира четиричлена коалиција, но антисистемската партија „Има так народ“ (ИТП) вчера одлучи да ја напушти коалицијата поради низа несогласувања.

Петков рече дека е подготвен да остане на чело на малцинската влада која сега смета на 109 од вкупно 240 пратеници во Собранието.

„Малцинска влада е подобра од влада чии раце се вртат“, рече тој синоќа по одлуката на партијата ИТН да си замине.

Претходно, првиот човек на партијата ИТН, Слави Трифонов изјави дека ги повлекува министрите за да ја прекине таа коалиција, „таа агонија“, како што рече.

Тројца од неговите четворица министри претходно ја напуштија владината седница бидејќи не добија поддршка за нивните буџетски барања.

Друга тема на несогласување е затоплувањето на врските со Македонија, што го започна Петков.

Трифонов го прекори Петков дека води сопствена политика на сметка на министерката за надворешни работи Теодора Гуенцовска од партијата ИТП, која, како и социјалистите, е против отстапки за Македонија.

На почеток