Македонија

„Син на македонски режисер доби повеќе пари за еден филм, отколку сите мои филмови заедно“, Милчо Манчевски за непотизмот и економијата

Познатиот македонски филмски режисер и сценарист Милчо Манчевски објави видео порака со наслов „Непотизам и економија“.

Видеото е снимено специјално за меѓународната конференција „Скопски економски и финансиски форум – СЕФФ“ (Skopje Economic and Finance Forum (SEFF).

Манчевски во обраќањето се осврнува на македонската економија и загубите кои настануваат во општеството поради одливот на мозоци од земјава.

„Трипати заминував од Македонија и трипати се враќав, донесов знаење, финансии и желба да помогнам. Но, многумина заминуваат не само поради желбата за повисока заработувачка туку и поради подобри услови за живот, за почист воздух и ефикасно судство, на места каде не мораш да бидеш нечиј син или ќерка за да имаш работа и пристоен живот“, рече Манчевски.

На почеток