За жал, во голем дел од компаниите покачување нема да добиете се додека не се осмелите сами да го побарате од вашиот менаџер. Па дури и тогаш, не мора да значи дека ќе го добиете бидејќи ќе наидете на голем број прашања кои ќе ја испитуваат вашата лојалност, посветеност и вештини. А ако се согласат да ви ја покачат платата, уште следниот месец ви ги зголемуваат работните обврски така што изгледа дека покачувањето не го добивате поради вашите претходни заслуги.
Прашањето е: Дали тоа треба така да функционира во една здрава компанија со силна деловна култура и функционални интерни процеси?
Секако дека не! Во една таква компанија имате менаџер кој го следи вашиот развој и се залага да добиете фер третман од страна на вашиот работодавач. Со други зборови, се бори за вас исто како за себеси бидејќи е свесен дека штетата е голема доколку ве изгуби – за него, но и за компанијата. Тој знае кога се вложувате повеќе од тоа што сте платени и кога треба да ви обезбеди повисока плата.
Покачувањето кога доаѓа без да го побарате е многу поефикасно средство за мотивација бидејќи знаете дека некој ја надгледува и цени вашата посветеност. Тоа не само што е добро за работникот, туку и за целата компанија бидејќи создава (1) култура на самомотивираност и (2) систем на награди според заслуга.
7 знаци дека е време за покачување
За тие што се сигурни дека заслужуваат покачување, а се’ уште чекаат да им биде дадено, посочуваме 7 знаци кога е време сами да го побараат:
- Вашата компанија е во добра финансиска состојба
- Вашиот шеф е во добро расположение
- Другите колеги добиле покачување
- Време е за разгледување на вашиот перформанс
- На вашата компанија и оди добро
- Сте се здобиле со нова вештина или титула
- Имате понуди од други компании
Извор: Вработување.ком