Свет

Додик на средба со Путин

Српскиот член на Претседателството на БиХ, Милорад Додик, денеска најави дека во петок ќе се сретне со претседателот на Русија, Владимир Путин.

Средбата ќе се одржи во рамките на Економскиот форум во Санкт Петербург.

„Задутре ќе отпатувам за Санкт Петербург, каде што ќе учествувам на Економскиот форум. На тој форум обично учествува и рускиот претседател Владимир Путин“, рече Додик на прес-конференција.

Тој рече дека средбата со Путин ќе се одржи по пленарната седница на Економскиот форум, на 17 јуни, пренесува РТРС.

Додик најави и дека утре ќе отпатува за Турција каде ќе се сретне со министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу.

На почеток