Свет

Маж се обидел да ја убие сопругата пред децата

Вилјам Брајан Стивел (39) од Флорида е уапсен и обвинет за обид за убиство на неговата жена Моне и нејзините родители. Тој пукал во нив на Нова година откако видел снимка на која неговата сопруга и неговиот најдобар пријател се интимни.

За време на пукањето, во куќата биле и нивните деца кои за среќа не се повредени.

На снимката која настанала за време на повикот во вбрзата помош се слушаат децата како го молат нивниот татко да не ја убие мајката. Исто така може да се слушне и како Мона им вели на децата да избегаат од куќата, пишува Дејли мејл.

Мона и нејзините родители се пренесени во болница со сериозни повреди, но нема опасност по нивниот живот.

Шефот на полицијата изјави дека децата успеале да избегаат од куќата и се сокриле во куќата на нивните соседи.

Вилјам е уапсен и спроведен во притвор на 1. јануари. Обвинет е за обид за убиство, злоставување на деца и криење на огнено оружје.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток