Свет

Од Хрватска се отселиле повеќе од 300.000 лица откако влезе во ЕУ

Од Хрватска во првите три години од членството во Европската унија, според официјалните статистички податоци се иселиле околу 102.000 луѓе.

Според Ал Џазира Балканс, се проценува дека тој број е два пати поголем.

Официјалните статистички податоци покажуваат дека 102.000 лица се иселиле откако Хрватска влегла во Европската Унија во 2013 година и откако е крената рампата за влез на европскиот пазар на трудот, па се до 2016 година.

Од Ал Џазира Балканс велат дека голем е бројот на лица кои одат „на црно“.

„Наводно во тие три години се иселиле дури 230.000 лица. Иако податоците од извор до извор се разликуваат сепак треба да се додадат и неофицијалните статистики во кои се сметаат и оние кои се иселени во последните две години, со што се доаѓа до бројка поголема од 300.000“, вели Ал Џазира Балканс.

Исто така тие додаваат дека според некои проекции, Хрватска до 2050 година може да остане без 800.000 жители.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток