Зголемен бројот на заразени со коронавирус во Британија, 50 проценти за седум дена
Бројот на случаи на коронавирус во Велика Британија скокнал за речиси 50 проценти во последната недела, покажуваат официјалните бројки, објави „Скај њуз“.
За зголемувањето најверојатно се виновни подвидовите Омикрон, BA.4 и BA.5.
Се проценува дека 1.415.600 луѓе имале ковид во Британија минатата недела, што е зголемување за 425.800 во споредба со претходната недела или 43 отсто.
Ова е најголем број заразени од почетокот на мај, но сепак е далеку под негативниот рекорд постигнат на крајот на март, кога 4,9 милиони Британци имаа Ковид.
Бројот на случаи е зголемен во во сите возрасни групи. Во Англија, еден од 50 луѓе има ковид, според Националниот завод за статистика.