Путин повторно за Косово: „Имавме ли право да ги признаеме?“
Рускиот претседател Владимир Путин повторно го спомена Косово, велејќи дека тоа е преседан.
Тој додаде и дека пред меѓународните институции тогаш било прифатено територијата да не мора да бара дозвола од земјата за независност, туку дека има право да ја прогласи. И тие тоа го направија.
„И Доњецк и Луганск го направија истото. Не мораа да бараат дозвола од властите во Киев“, рече Путин.
Повтори дека можат сами да одлучуваат, а потоа праша: „А? Дали тогаш имавме право да ги признаеме? Па, се разбира дека имавме“.
„Со нив постигнавме договор за взаемна помош. Имавме право, во согласност со повелбата на ОН, да им пружиме воена помош“, рече рускиот лидер.
Потсети и дека „направиле преседан“, врз основа на кој нивните одлуки имаат ист легитимитет.
„На крајот на краиштата, тие го нападнаа Ирак без меѓународна дозвола. И што направија? Ја распарчија земјата. Мислеа дека, како што сакам да кажам, тие се пратеници на Господ Бог“, заклучи Владимир Путин.