Свет

Британија: Руските трупи навлегуваат подлабоко во регионот на Доњецк

Русија во последните 48 часа прави напори да ја обнови офанзивата и да напредува јужно од украинскиот град Изиум, на истокот на земјата, соопшти денеска Министерството за одбрана на Велика Британија.

Неговата цел е да навлезе подлабоко во регионот на Доњецк и да го покрие џебот од север околу градот Северодонецк, каде се водат најголемите битки, се вели во новиот разузнавачки извештај на министерството на Твитер, пренесува Ројтерс.

Доколку заробените украински цивили не ја прифатат понудата да ја напуштат областа преку отворени коридори, Русија веројатно ќе го искористи тоа како изговор за помалку да прави разлика меѓу нив и украинските воени цели во таа област, нагласува британското министерство.

На почеток