Денес температура до 34 степени
Претпладне на места ќе има зголемена облачност и услови за локален дожд со ретки грмежи.
Попладне ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер, поизразен вдолж Повардарието. УВ=7
Утринските температури ќе се движат од 13 до 20 степени, а максималните дневни ќе достигнат 34 степени.
За утре се најавува сончево време со умерена облачност и со слаб до умерен северозападен ветер.
Попладне ќе има ретка појава на пороен дожд и грмежи.
Во следните денови ќе настапи делумно стабилизирање на времето. Ќе преовладува сончево и топло време, но во попладневните часови ќе има услови за појава на ретка изолирана нестабилност со пороен дожд и грмежи.