Свет

Безуспешна потрагата на четворицата скијачи кои ги затрупа лавина во Норвешка

Норвешката полиција соопшти дека 4 скијачи кои исчезнаа откако лавина го погоди северот на Норвешка се најверојатно мртви.

Според портпаролот на полицијата Мортен Петерсен, веќе нема надеж дека спасувачите ќе пронајдат некој од нив жив, пренесува АП.

Мадс Гилберт од Универзитерската болница во северна Норвешка изјави дека е невзможно да преживеале закопани во снегот.

Спасувачката операција на една Швеѓанка и тројца Финци започна во средата, а големите врнежи од снег и лошата видливост вчера ја отежнаа потрагата.

 

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток