Македонија

Ќе го станат ли Џафери од претседателското столче

Денеска во салата „Борис Трајковски“ ќе се одржи седница за интерпелација на претседателот на Собранието, Талат Џафери.

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе интерпелација за Џафери по вулгарното обраќање на претседателот на Собранието кон собраниски службеници и откако ги заклучи пратениците од опозицијата во пленарната сала додека траеше поединечното изјаснување.

Џафери писмено ги отфрли сите обвинувања на опозицијата и смета дека откако тој е претседател на Собранието се унапредени правата на собраниските службеници.

Седницата е закажана за во 11 часот.

На почеток