Се судрија автомобил и мотор, едно лице тешко повредено

Од
Објавено на

На 02.07.2022 во 23.50 часот во СВР Тетово било пријавено дека на булевар „Илинденска“ во Тетово се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел астра“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Б.С.(22) од с.Ново Село, општина Боговиње и мотоцикл „јијинг“ со тетовски регистарски ознаки, управуван од Ш.Ф.(20) од Тетово, Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот на мотоциклот А.Б.(23) од с.Мала Речица, тетовско, додека со телесни повреди се здобил возачот на мотоциклот, констатирани во Клинича болница Тетово. Увид на местото на настанот извршила екипа на СВР Тетово.
