„Војната во Украина ќе се пролонгира доколку Британија продолжи да го снабдува Киев со оружје“, вели Келин
Од
Објавено на
Рускиот амбасадор во Велика Британија Андреј Келин изјави дека војната во Украина ќе се пролонгира доколку Британија продолжи да го снабдува Киев со оружје.
Тој рече дека британското оружје сега се користи за гранатирање цивили во регионот Донбас во источна Украина и други области.
Амбасадорот на Русија во Велика Британија Андреј Келин изјави дека колку повеќе оружје Лондон ќе им испрати на Украинците, толку повеќе властите во Киев ќе го продолжат конфликтот, пренесе Танјуг.