Свет

Расте бројот на жртвите во Грција од студениoт бран

Расте бројот на жртвите во Грција која беше погодена од студен бран проследен со силни снежни врнежи.

Пронајдени се двајца мажи по кои се трагаше. Тие се на возраст од 67 и 64 години.

Претходно сопругата на 67-годишниот маж беше пронајдена мртва во околината на Атиа.

„Телото на 60-годишната жена е пронајдено во автомобил кој се превртил во регионот Кератеа кој се наоѓа на оддалеченост од 45 километри југоисточно од Атина. Полицијата е во потрага по двајцата мажи кои биле во автомобилот“, пренесоа вчера Грчките медиуми.

Според информациите 64-годишниот маж им понудил на брачниот пар да ги однесе до продавница.

Метеоролозите за утре предвидуваат нов студен бран.

 

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток