Свет

Земјотрес со јачина од 5,5 степени го погоди Иран

Најмалку 31 лице се повредени во земјотрес кој го погоди западен Иран, во близина на границата со Ирак.

Според информациите, најголем дел од нив се со полесни повреди. Американскиот геолошки завод соопшти дека земјотресот бил со јачина од 5,5 степени по Рихтер.

Портпаролот на иранските служби за вонредни ситуации изјави дека 29 лица од повредените се пуштени од болница откако им е укажана помош.

Во земјотресот со јачина од 6,3 степени по Рихтер, кој во ноември минатата година го погоди западниот дел на Иран повредени беа повеќе од 700 лица.

 

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток