Свет

Убиен Џамал ал Бадави, организирал напад на американски брод

Војската на САД соопшти дека во Јемен е убиен екстремистот Џамал ал Бадави за кој се веруваше дека бил еден од организаторите на бомбашкиот напад во 2000 година.

Во овој напад на брод кој пренесувал ракети животот го загубиле 17 лица, а ранети биле 39 американски морнари. Одговорноста за акцијата превзема Ал Каида.

Ројтерс пренесува дека американската војска на Твитер објавила дека Ал Бадави е убиен на 1 јануари во нападот на јеменската покраина Мариб.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток