Свет

Шест лица го загубија животот поради лошите временски услови

Најмалку шест лица го загубија животот во Германија, Австрија и Швајцарија поради лошите временски услови, а властите предупредија дека постои ризик од лавина на северните Алпи.

Германската полиција соопшти дека животот го загубил 44-гоодишен маж во Вакерберг кога врз него паднале гранки од дрво.

Во Швајцарија жена била затрупана од снег минатата недела и починала од здобиените повреди, соопштија надлежните.

Над илјада туристи останаа „заробени“ поради обилните врнежи од снег во скијачките центри на Алпите за време на викендот.

Опасноста од лавина на поголем дел од планинските предели во Австрија е означена како висока. И покрај предупредувањата и ризиците, некои од скијачите се упатиле кон скијачките стази, па двајцата германски скијачи го изгубиле животот.

Иако имале елеци кои се дуваат во случај на лавина со цел да се одржат на површината на снегот, тие не успеале да се спасат.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток