ВМРО-ДПМНЕ Охрид: Обезбедуваме посовремени услови за прочистување на водата, поквалитетна и поздрава вода за пиење
СДСМ Охрид откако четири години создаваше хаос низ градот сега конечно сфати колку проблеми не успеа да реши што ги ветуваше пред охриѓани, вели Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид
„ВМРО-ДПМНЕ како одговорна партија на власт започнавме еден по еден да ги решаваме, а граѓаните тие промени ги гледаат.
Откако ВМРО-ДПМНЕ раководи со Локалната власт обезбедуваме посовремени услови за прочистување на водата, поквалитетна и поздрава вода за пиење, навремено и квалитетно водоснабдување на граѓаните.
Во однос на проблемите на улица „АСНОМ“ од страна на градежен инспектор изготвено е решение за прекин на изградбата, како и решение за надомест на причинетата штета, додека пак водоснабдувањето е нормализирано.
На лагите и дезинформациите на СДСМ како одговор се нашите дела преку вистинската слика за чист град и секојдневни теренски активности.
Улиците во Охрид добиваат нов лик, а граѓаните подобри и побезбедни услови со кои значително се олеснуваат секојдневните активности.
Граѓаните никогаш повеќе не сакаат опозициската СДСМ Охрид да раководи со Локалната самоуправа и да го враќа години назад градот“, се вели во соопштението.