Македонија

Точеле алкохол на малолетници, две лица добија кривични пријави

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Џ.Ш.(49) од село Велешта, струшко, М.Ц.(30) од село Велгошти и правно лице – угостителски објект од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „точење алкохолни пијалоци на дете“. На 29/30.07.2022, за време на одржување на концерт во угостителскиот објект сопственост на Џ.Ш. и М.Ц., пет малолетници од Скопје на возраст од 16 години биле послужени со алкохолни пијалоци.

На почеток