Македонија

75-годишен гостиварец со автомобил излета од пат, итно пренесен во болница

Денеска (24.08.2022) во 08.30 часот во СВР Тетово било пријавено дека на магистралниот пат Гостивар – Кичево, во близина на Новоселски мост, патничко моторно возило „митсубиши“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од 75-годишниот М.А. од гостиварски Равен, излетало од коловозот. Во несреќата, возачот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во гостиварската Општа болница „Ферид Мурад“. На местото на несреќата увид извршила екипа од Одделението за внатрешни работи Гостивар.

На почеток