„На Европската унија и се заканува револуција“, вели чешкиот министер за правда
Брзиот пораст на цените на енергијата во Европа го загрозува постоењето на Европската унија, како и политичкиот систем на Чешка.
Ова го изјави министерот за правда на Чешка, Павел Блажек, пренесува порталот Idnes.cz, а пренесува Спутник.
Според него, ситуацијата во социјалната и политичката сфера не била подраматична од 1989 година.
„Ако владата не ја реши енергетската криза, нема долго да остане на власт. Доколку не се најде решение за кризата на европско ниво, тогаш Европската унија како таква ќе биде во опасност“, рече Блажек, предупредувајќи за опасноста од револуција.
Претходно беше соопштено дека Чешка, која претседава со Советот на Европската унија до крајот на годината, свика итен состанок на министрите за енергетика на ЕУ на кој ќе се разговара за мерките за решавање на енергетската ситуација.