Свет

„Русија не ја добива енергетската битка“, вели Бирол

Русија најверојатно ќе го зголеми согорувањето на гас во наредните месеци бидејќи складиштата за гас во земјата ќе се полнат, изјави извршниот директор на ИЕА Фатих Бирол.

Тој на прес-конференција рече дека довербата во Русија како снабдувач со енергија е нарушена ширум светот по инвазијата на Украина и намалувањето на извозот на гас и дека загубата на Европа како партнер ќе и наштети на Москва, пренесува Ројтерс.

„Русија не ја добива енергетската битка овде“, рече Бирол.

Тој изјави и дека претстојната зимска сезона ќе биде тест за европската солидарност.

Ако континентот не успее на тој тест, влијанието може да се почувствува „надвор од енергетската криза“, рече Бирол.

Ристад енерџи неодамна објави дека Русија согорува гас што инаку би се извезувал во Европа преку гасовод што вообичаено носи повеќе од една третина од увезениот европски гас, но каде протокот е намален на 20 отсто од нормалното ниво.

На почеток