Магазин

И кучињата плачат, а причините за нивните солзи ќе ве изненадат

Една нова студија сугерира дека очите на нашите крзнени пријатели понекогаш може сериозно да се насолзат. Тоа е всушност редовна појава кога кучињата се спојуваат со своите сопственици после долг работен ден или разделување.

Наодите од студијата беа објавени во научното списание Current Biology. Истражувачите откриле дека кучињата плачат и дека тоа е поврзано со позитивните емоции.

„Откривме и окситоцин како можен механизам кој лежи во основата на овој феномен“, рече Такефуми Кикусуи од Универзитетот Азабу во Јапонија.

Кикусуи и неговите колеги се заинтересирале за овој процес откако една од неговите две пудлици добила кученца пред шест години.

Забележал дека кога неговото куче ги доело кученцата, нешто се променило на нејзиното лице, имало солзи.

Тие солзи не паѓаат, како што често се случува кај луѓето, но очите на женката беа – полни со солзи.

Тој настан му дал на Кикусуи идејата дека окситоцинот може да влијае на плачењето кај кучињата.

Окситоцинот е познат како хормон на љубовта.

Истражувачите, исто така, знаеле од претходните набљудувања дека окситоцинот се ослободува и кај кучињата и кај нивните сопственици за време на дружење, играње заедно и други интеракции.

Затоа решиле да спроведат експерименти и да дознаат повеќе за солзите на кучињата.

Луѓето исто така беа замолени да ги оценат сликите на лицата на кучиња со и без вештачки солзи, а се покажа дека луѓето дале повеќе позитивни одговори кога ќе видат кучиња со насолзени очи.

Овие наоди сугерираат дека производството на солзи кај кучињата помага да се создадат посилни врски меѓу луѓето и нивните кучиња.

На почеток