Свет

Кадиров најави дека ќе ја напушти функцијата шеф на државата, па се огласи Москва

Портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков изјави дека е запознаен со изјавата на чеченскиот лидер Рамзан Кадиров дека има намера да ја напушти функцијата шеф на државата.

Како што наведе, ставот на Кремљ е дека тоа се уште не се остварило, па затоа тој ќе продолжи да ја води таа република.

„Да, ние навистина ја видовме таа изјава, но, ако добро ја разбрав, таа сè уште не е реализирана. Засега, нашиот став е дека тој продолжува да ја води Чеченија“, рече Песков.

Да потсетиме, чеченскиот лидер Рамзан Кадиров изјави дека предолго е на чело на својата земја и дека заслужува „неограничен и долг одмор“.

Кадиров потсети и на фактот дека е на чело на Чеченија 15 години и оцени дека е еден од „најдолговечните“ меѓу актуелните раководители на конститутивните субјекти на Руската Федерација.

На почеток