Македонија

ВМРО-ДПМНЕ е против ЕУ бидејќи таму нема место за ретроградни политичари како Мицкоски, вели СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ како докажана деструктивна партија продолжува со обидите да ја оддалечи државата од интеграцијата во ЕУ, вели СДСМ

„ВМРО-ДПМНЕ е против членство во ЕУ, бидејќи таму нема место за ретроградни политичари каков што е Христијан Мицкоски.

Деструктивноста на Мицкоски одамна е препознаена, затоа тој нема поддршка веќе ниту во соствената партија, а единствен партнер му е Димитар Апасиев и проруската партија Левица.

Најавениот референдум на Мицкоски не е ништо друго освен обид да се попречи процесот на евроинтеграциите, обид Мицкоски да си ја задржи фотелјата во белиот дворец.

Таквите деструктивни потези на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ одново ќе бидат поразени. СДСМ, граѓаните нема да дозволат Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ да ја вратат државата назад во изолација и поделби.

Процесот на преговори е започнат, Владата, институциите имаат капацитет да ги завршат преговорите до 2030 година, по што државата ќе стане полноправна членка на ЕУ и ќе се реализира втората стратешка цел, поставена уште на Денот на независноста во 1991 година, блокадите на ВМРО-ДПМНЕ нема да успеат“, се вели во соопштението.

На почеток